[ФОТО] „BMW X5“ – нов тизер и уште повеќе информации

Точка

30/06/2026

18:22

440

Големина на фонт

а а а

Сè сме поблиску до официјалната премиера на новата генерација на „BMW X5“, а сега германскиот производител објави и уште еден официјален тизер.

Популарниот баварски SUV ќе биде понуден со исклучително широка палета на погонски системи, со цел да остане максимално конкурентен на пазарот, без оглед на сè построгите еколошки регулативи што се очекуваат во наредната деценија.

Новиот „av“ ќе биде достапен со мотори со внатрешно согорување – бензински и дизел верзии, во зависност од пазарот – како и во напредна "plug-in" хибридна конфигурација.

Покрај тоа, за првпат ќе биде понуден и како целосно електрично возило, но и со погон на водород, што без сомнение го прави најважниот автомобил што „BMW“ го претставува оваа година, а можеби и во целата деценија, пренесува „Autoblog“.

Ова воедно претставува и историски момент, бидејќи за првпат модел со водороден погон ќе влезе во сериско производство, по децении интензивни тестирања на прототипови ширум светот.


„Чекор напред“

Од „BMW“ велат дека новиот „X5“ претставува „значаен генерациски чекор напред“, а целосно новиот дизајн на предниот дел има задача јасно да покаже колку моделот "G65" е технолошки понапреден во однос на актуелната генерација G05.

Предниот дел го следи дизајнерскиот правец што веќе можевме да го видиме кај новиот електричен модел „iX3“. Тоа подразбира повисока и значително потесна препознатлива маска, како и горен дел во форма на визир, каде што главните светла се поставени на самите надворешни рабови на каросеријата.


Сепак, за разлика од моделот „iX3“, LED дневните светла кај новиот „X5“ добиваат препознатлив мотив во форма на буквата X, за кој се очекува наскоро да стане заштитен знак и на останатите големи модели од баварската SAV гама.

Поради специфичното осветлување на објавената тизер-фотографија, сè уште не е целосно јасно дали станува збор за верзија со мотор со внатрешно согорување или за електричниот „iX5“. Сепак, официјалните информации потврдуваат дека верзијата со класичен мотор ќе пристигне на пазарите пред крајот на оваа година, па затоа најверојатно токму таа е прикажана на фотографијата.