Три лица, меѓу нив и двегодишно дете, повредени во вчерашната несреќа кај скопскиот аеродром: МВР со детали

Макфакс

30/06/2026

13:30

249

Големина на фонт

а а а

Вчера се случила сообраќајна несреќа на автопатот Пријателство крај Скопскиот аеродром во која се повредени три лица, меѓу кои и двегодишно дете. Повредените се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а полицијата изврши увид на местото на настанот.

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно дете, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.