Загина 49-годишен кумановец во несреќа помеѓу возило и мотоцикл

Макфакс

30/06/2026

13:20

196

Големина на фонт

а а а

Во Куманово вчера се случи тесна сообраќајна несреќа помеѓу возило и мотоцикл во која загина 49-годишен мотоциклист од Куманово. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Вчера околу 12:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.