Уапсен возач во Делчево, возел со 4,35 промили алкохол во крвта

Макфакс

21/07/2026

11:40

479

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Делчево uапси возач од беровско кој управувал возило со 4,35 промили алкохол во крвта, а против него ќе следува пријава по целосно документирање на случајот.

Полицијата во Делчево уапси возач од беровско, управувал возило со 4,35 промили алкохол во крвта.

Според информациите на МВР, вчера во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.

При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.