Градоначалникот на Москва: Пресретнати се 46 дронови лансирани кон главниот град на Русија

Макфакс

30/06/2026

08:10

186

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека противвоздушната одбрана успеала да пресретне и уништи 46 украински дронови кои биле лансирани кон главниот град на Русија, додека спасувачките екипи се активни во областите каде што паднaле остатоците од дроновите.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утрово изјави дека се пресретнати 46 украински дронови лансирани кон главниот град на Русија, но не прецизираше дали има повредени или материјална штета.

Во серија пораки на Телеграм, Собјанин спомена девет бранови дронови кои биле уништени од противвоздушната одбрана додека се движеле кон градот.

Тој прецизираше дека спасувачките екипи се распоредени во областите каде што паднале остатоците од дроновите, без да даде други детали.