Русија би можела да го нападне НАТО една година по војната во Украина, оценува Холандското Министерство за одбрана

Макфакс

29/06/2026

19:22

190

Големина на фонт

а а а

Холандското Министерство за одбрана предупредува дека Русија можеби ќе започне ограничена воена операција против НАТО само една година по завршувањето на војната во Украина, а темата ќе биде главна на претстојниот самит на НАТО во Анкара.

Холандското Министерство за одбрана верува дека Русија би можела да започне „ограничена“ воена кампања против земја-членка на НАТО едвај една година по конечното завршување на војната во Украина, објавија француските медиуми.

Годишен извештај за одбранбена стратегија

Во својот годишен извештај за одбранбена стратегија, објавен денес, министерството наведе дека Европа е во „сива зона“ помеѓу војната и мирот.

„Холандските разузнавачки служби веруваат дека Русија се подготвува за долгорочна конфронтација со Европа“, се наведува во извештајот.

Во најлош случај, ограничена војна против членките на НАТО би можела да биде замислива во рок од една година од завршувањето на војната што Русија ја водеше во Украина, се додава во текстот.

Претстојниот НАТО самит

Предупредувањето доаѓа во време кога членките на НАТО се подготвуваат за самит во Анкара на 7 и 8 јули, за време на кој, руската закана ќе биде централна тема на дискусија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте (Руте), изјави дека Русија „би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години“.

Иновации во одбраната

Холандската влада има намера да формира посебна „лабораторија за развој“ задолжена за дизајнирање и изградба на дронови способни за борба против други дронови.

„Прашањето е дали Европа и Холандија ќе бидат доволно силни на време за да ја заштитат нашата слобода, нашата безбедност и нашиот начин на живот“, додаде холандското министерство.