Уапсени шест возачи – пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден возел со активна забрана

Макфакс

29/06/2026

16:20

397

Големина на фонт

а а а

Во изминатото деноноќие се уапсени шест возачи поради управување со возила без возачка дозвола, меѓу кои двајца се малолетници, а еден со активна забрана. Полицијата апелира за почитување на сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило.

„Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен премин Деве Баир управувал патничко возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.