Русија: Преку Украина се шверцува дрога кон Европа

Макфакс

29/06/2026

12:20

225

Големина на фонт

а а а

Руски разузнавачки извори обвинуваат дека Украина се користи како транзитна земја за шверц на дрога кон Европа, особено на опасниот фентанил, додека во замена се помага во регрутирањето платеници за војската.

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) ја обвини Украина дека дозволува транзит на дрога од Латинска Америка кон Европа во замена за пари и други услуги.

Според тврдењата на СВР, украинските власти им овозможуваат на нарко-картелите да ја користат земјата како коридор за шверц на дрога, вклучително и фентанил, а за возврат картелите помагаат во регрутирање странски платеници за украинската војска.

Во соопштението се наведува и дека пристаништата во регионот на Одеса стануваат главна транзитна точка за дрога кон Европа преку Полска, Молдавија и Романија, како и дека картелите се заинтересирани за пристап до украинскиот црн пазар на оружје.

Украина засега не се огласила по овие обвинувања.