Холандската фудбалска репрезентација имаше добар настап во групната фаза на СП 2026, а еден од најважните репрезентативци сподели дека добил најнепосакувана вест од својата татковина.
Коди Гакпо ужива голема доверба кај селекторот Роналд Куман, но за време на мундијалот морал да се соочи со информацијата дека го загубил нероденото дете.
Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј веќе имаат едно дете, а го очекуваа раѓањето на второто во октомври, но за жал срцето на идното новороденче не издржало и фудбалерот и Ван дер Биј ја објавија информацијата со фотографија на социјалните мрежи.
– Ви благодарам за поддршката. Елиџеј Рафаел Гакпо, ќе бидеш засекогаш сакан, засекогаш ќе бидеш наш син, – напишала партнерката на Гакпо покрај фотографијата.
Холандската фудбалска федерација потврди дека Гакпо прифатил да остане на турнирот, па тој ќе го продолжи настапот на светското првенство, а неговата репрезентација ќе се соочи со Мароко во првиот натпревар од нокаут фазата.







