Аргентина рутински го доби дуелот со Јордан и ја оправда фаворитската улога во последниот дуел од групната фаза на СП 2026, додека резервистот Лионел Меси испорача уште еден рекорд на мундијалите.
Посебно интересен детаљ од овој натпревар беше изведувањето на слободниот удар на Лo Селсо, кој уште во почетната фаза донесе посакувано водство од 1:0 за „гаучосите“, испраќајќи ја топката покрај живиот ѕид на азиската селекција.
Важен удел во егзекуцијата на овој слободен удар имаше голманот Дибу Мартинез, кој направи интересен потег, местејќи жив ѕид од свои соиграчи на спротивната страна, односно до живиот ѕид на одбраната на Јордан.
Dibu, goleiro da Argentina, ajeitando os jogadores do time dele na barreira? 😂 pic.twitter.com/higYZMr81b
— Doentes por Futebol ⚽ (@DoentesPFutebol) June 28, 2026
На крајот сценариото заврши успешно и со погодок, Мартинез дополнително го зголеми водството, а во финишот Меси постави нов рекорд на светските првенства.
Поточно, најголемата аргентинска ѕвезда исто така реализираше од слободен удар во 80. минута и стана првиот играч кој постигнал гол на седум натпревари по ред на мундијалите. За Меси ова е вкупно шести гол на СП 2026.







