Две лица повредени во руски напад со балистички ракети врз Киев

Макфакс

28/06/2026

08:50

180

Големина на фонт

а а а

Во текот на ноќта Киев беше нападнат со балистички ракети од Русија, што резултираше со повредени лица и пожар во неколку делови на градот, а прогласена е воздушна тревога.

Киев во текот на изминатата ноќ беше цел на руски напади со балистички ракети, во кои беа повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот, објави денеска началникот на полициската управа во Киев, Тимур Ткаченко. „Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот.

Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече Ткаченко.

Во Киев е прогласена воздушна тревога, а воздухопловните сили на вооружените сили на Украина издадоа предупредување за закана од балистичко оружје што доаѓа од север.