Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Макфакс

27/06/2026

13:50

221

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Венко Филипче дека повторно ја избрал Бугарија пред македонските национални интереси и молчи за постапките на официјална Софија, особено во делот на објавување чувствителни информации и негирање на македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повторно не ги заштитил македонските национални интереси и дека молчи за постапките на официјална Бугарија.

На денешната прес-конференција, членот на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека Филипче не упатил никаква критика кон бугарските власти, иако, како што рече, тие направиле дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Според Лефков, Филипче, кој често зборува за европските вредности, во овој случај останал без реакција за, како што наведе, прекршувањето на основните дипломатски правила.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче не реагира ниту кога, според нив, од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја, обвинувајќи го дека секогаш ги оправдува бугарските позиции, а не ги брани македонските интереси.

Во партијата оценуваат дека со ваквиот пристап Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи сè што доаѓа од Софија, па дури и да прифати, како што велат, барања што се спротивни на македонските национални интереси.