Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Паркот на франкофонијата

Макфакс

26/06/2026

09:40

278

Големина на фонт

а а а

Во Паркот на Франкофонија ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“ со изложба на над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол музика и уметнички цртежи на самите моторцикли, поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела , односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи.

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

„Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.