Од јули Клексан и Фраксипарин на позитивната листа

Макфакс

25/06/2026

17:20

310

Големина на фонт

а а а

Од јули лековите Клексан и Фраксипарин ќе бидат додадени на позитивната листа во Фондот за здравствено осигурување, наменети за третман на пациенти со акутни и постоперативни состојби. Директорот истакна и дека има неправилности во препишувањето на Клексан кај бремените жени.

Од јули годинава лековите против згрутчување на крвта „Клексан“ и „Фраксипарин“, ќе бидат достапни на позитивната листа, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој посочи дека лековите се наменети за пациенти со акутни и постоперативни состојби.

Клековски се осврна и на препишувањето на „Клексан“ кај бремените жени, оценувајќи дека оваа практика кај нас е проширена надвор од медицинските индикации.