Викендов Македонија ќе се соочи со нов топлотен бран со температури кои ќе достигнат и до 39 степени, а временските услови ќе вклучуваат сончево време со локална нестабилност и пороен дожд во текот на следната недела.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во делови од котлината ќе има мали услови за краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.
Според прогнозата, за време на викендот и на почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и многу топло. Температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а на одделни места ќе достигнат и до 39 степени.
Во вторник ќе се задржи топлото време, но со зголемена облачност и услови за пороен дожд, додека во среда се очекува мал пад на температурите и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.







