Неспортски потег на СП: Му помагаше на противникот, па го откачи откако соиграчите тргнаа да дадат гол

Дерби

22/06/2026

12:22

282

Големина на фонт

а а а

Уругвај и Зеленортски Острови одиграа интересен меч кој заврши без победник 2-2.

Двете селекции имаа можност да водат на ова соочување, меѓутоа на крајот ниту едните, ниту другите не се радуваа и мора да се задоволат со реми кое за нив е второ на Светското првенство.

Средбата на Флорида беше одбележана и од еден нефер, неспортски потег на уругвајскиот репрезентативец Федерико Вињас што е уште една потврда за јужноамериканците дека најважно е да се оствари целта.

Имено тој тргна да му помогне на Телмо Арканжо кој имаше проблеми со мускулот, но откако виде дека соиграчите напаѓаат и има шанса, го батали противникот и тргна да даде гол. Федерико не постигна гол, ама при таа ситуација погоди Араухо.