Белгија не успеа да слави ниту на вториот натпревар во групата Г, натпревар на кој одново не го оправда статусот на фаворит.
Во првото коло тоа беше против Египет (1-1), додека во втората рунда Иран, селекција против која не успеа ниту да постигне погодок (0-0). „Црвените ѓаволи“ упатија преку 20 удари, ама ниту еден од нив не заврши во мрежата на ривалот.
- Мораме да анализираме што тргна наопаку бидејќи создадовме толку многу шанси и не постигнавме гол, што е фрустрирачко. Игравме со премногу емоции во клучните моменти, - истакна напаѓачот Ромелу Лукаку.
Селекторот Руди Гарсија смета дека мора подобро да реагираат во завршницата на акциите.
- Ни недостигаше ефикасност во завршната фаза од нападот. Очекував ваков натпревар, со речиси 70 проценти посед на топката, многу центаршутеви и многу удари. Ја погодивме рамката на голот, но не го тестиравме доволно нивниот голман. Играњето со 10 играчи исто така не помогна. Имавме вакви натпревари и претходно и обично постигнувавме најмалку три гола. Тоа е дел од бавниот почеток на Светското првенство. Понекогаш изгледавме малку неодлучни, - порача Гарсија.







