ЕХФ донесе одлука: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите

Дерби

22/06/2026

12:04

262

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ќе биде дел од елитната Лига на шампиони во натпреварувачката 2026/2027.

Со оглед на тоа што Македонија нема загарантирано место во елитната ракометна конкуренција, „црвено-црните“ мораа да побараат специјална покана, вајлд карта од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

ЕХФ даде зелено светло и двокраниот европски првак се враќа на најголемата сцена и тоа по пауза од четири години.

Скопскиот тим ривалите ќе ги дознае во петок за кога е закажана ждрепката. Инаку во новата сезона се зголемува бројот на учесници од 16 на 24 и ќе имаме шест групи со по четири тима.