Овен анализира: Премногу е лесно да се обвини Роналдо…

Дерби

22/06/2026

12:02

262

Големина на фонт

а а а

Португалија немаше добар настап на отварањето на Светското првенство, освои само бод во соочувањето со ДР Конго, настап и резултат за кој стигнаа огромен број на критики од јавноста пред се за капитенот Кристијано Роналдо.

Роналдо беше критикува за неговата инволвираност во играта, но и фактот дека понекогаш се става себеси во прв план, да сака да постигне гол по секоја цена.

Сега следи меч со Узбекистан, а потоа со Колумбија, соочувања на кои Мајкл Овен очекува реакција од напаѓачот на Ал Наср.

- Не му помогна на Кристијано Роналдо тоа што Лионел Меси постигна хет-трик ноќта пред натпреварот со Португалија, но не ги прифаќам критиките кон него. Но, нели секогаш играл вака, до одреден степен? Тој никогаш не бил играч, особено во последниве години, кој се вклучува во играта. Сепак, тој ќе биде таму за големите моменти. Ако не постигнува голови, премногу е лесно да се обвини Роналдо. На 41 година, ќе биде доведен во прашање.

- Но, колку пати се случило ова, а тој ги замолчил сите во следниот натпревар? Ако го бираш Роналдо, тогаш мора да прифатиш зошто е таму – и не би ме изненадило ако тој одговори со свој хет-трик против Узбекистан, - порача Овен преку „Дејли Мејл“.