Египет е првата репрезентација која оствари победа во групата Г на Светското првенство и тоа против Нов Зеланд од 3-1.
Ова беше четврти меч во оваа група во која се уште Белгија и Иран, а „фараоните“ се изборија за славје кое ги става во одлична позиција пред завршната трета рунда.
Нов Зеланд го доби првиот дел со погодокот на Сурман, но африканците во вториот дел беа многу подобар, поконкретен ривал, создаваа шанси и три од нив ги искористија. Зико израмни во 58 минута, додека истиот играч беше асистент за водечкиот гол на Салах во 67 минута.
Условно гостите не престанаа да напаѓаат и Трезеге во завршницата ги обезбеди трите поени со кое Египет е на првото место пред Иран, Белгија и Нов Зеланд.







