Во тек е 23. Светско фудбалско првенство, настан на кој одново не се Италијанците, една од најдобрите земји, репрезентации кога се во прашање натпреварите на оваа сцена во организација на ФИФА.
По трет пат во низа „аѕурите“ од дома ги следат натпреварите или воопшто не ги гледааат како што е случај со дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.
- Можам да зборувам како играч кој не се квалификуваше за Светското првенство. Тоа е болка, боли. Не ги гледам натпреварите, не можам. Ги гледам најдобрите моменти, но не и целите натпревари. Боли што не сум таму, - вели Манчини.
- Ако не сме се пласирале три пати, тоа не е само проблем на младите играчи, младинските сектори и тренерите. оа е поголемо од тоа. Се надеваме дека ќе го решиме во наредните години, - додаде стоперот.







