Селекторот на Ирак пред соочувањето со Франција: Побарав да играме со тројца голмани…

Дерби

22/06/2026

11:18

296

Големина на фонт

а а а

Ирак доживеа убедлив пораз од Норвешка од 4-1 на првиот меч на Светското првенство, но сега следи уште потешка задача за нив затоа што ќе излезат на мегдан со актуелниот вицешампион Франција.

„Триколорите“ одиграа две различни полувремиња против Сенегал, ама и тоа беше доволно да слават со 3-1. Французите се особено моќни во напаѓачката линија каде се предводени од Килијан Мбапе, па селекторот на Ирак, Грем Арнолд има идеја како можат да бидат запрени.

- Прашав дали можеме да играме со тројца голмани, но тие рекоа не, - се пошегува Арнолд кој допрва ќе донесе одлука дали ќе брани капитенот Џалал Хасан.

- Не можеме да ги контролираме перформансите на Франција, но можеме да ги контролираме нашите. И се грижиме играчите да бидат целосно подготвени да излезат на теренот и да му покажат на светот што претставуваат, -порача стартегот од Австралија.