Рафаел Ван дер Варт е еден од најдежурните критичари од Холандија кога се во прашање најважните фудаблски настани, а покрај тоа што се истакна со своите коментари за Лигата на шампиони, сега е доста активен и за мундијалски прашање.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид беше доста критички настроена кон Вирџил Ван Дајк и неговите движења ги спореди со авион Боинг, па иако оваа изјава ја даде по крајот на првиот меч на кој Холандија ремизираше со Јапонија, Јирген Клоп се огласи на оваа тема со мало задоцнување.
Искусниот германски стручњак е стручен коментатор на „Магента“, а своето излагање во јавноста го искористи за да застане во одбрана на својот сакан стопер од Ливерпул.
– Не знам дали воопшто вреди да се спомене името на Ван дер Варт кога правиме фудаблски анализи. Ако некогаш даде позитивен коментар за било кој играч, дури тогаш ќе почнам да го сфаќам сериозно.
– Тој се изразува на специфичен начин, а потоа знае да биде и контрадикторен. Како и да е, за мене тој не е многу важен, – изјави Клоп.







