Седум последователни потреси во близина на Крим

Макфакс

22/06/2026

10:40

128

Големина на фонт

а а а

Во близина на Крим, во Црното Море, се регистрирани седум последователни земјотреси, при што два од нив биле почувствувани во Севастопол. Гувернерот ги советува граѓаните да останат смирени, нагласувајќи дека ваквата активност е вообичаена за регионот.

Седум последователни земјотреси биле регистрирани утрово во Црното Море во близина на брегот на Севастопол, соопшти гувернерот Михаил Развожаев на Телеграм.

Според податоците на Кримската сеизмолошка мрежа, два од потресите биле посилни и биле почувствувани во Севастопол. Првиот се случил во 6:14 часот со магнитуда од 3,7 степени и на оддалеченост од околу 26 километри од градот, додека вториот бил во 8:48 часот со магнитуда од 4,4 степени и на околу 30 километри од Севастопол.

Развожаев изјави дека нема оштетувања на објекти во градот и апелираше граѓаните да останат смирени.

Тој додаде дека не може да се исклучи можноста за дополнителни потреси, но нагласи дека ваквата сеизмичка активност е вообичаена за регионот.