Венс: Нема докази дека Иран го затворил Ормускиот Теснец

Макфакс

20/06/2026

17:10

191

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс соопшти дека нема докази за затворање на Ормускиот теснец од страна на Иран, додека подготовките за преговори помеѓу двете страни започнуваат во Швајцарија во сложени услови поради регионалните судири.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека нема докази оти Иран го затворил Ормускиот теснец, нагласувајќи дека низ него и понатаму се одвива нормален поморски сообраќај.

Тој најави дека денес патува во Швајцарија, каде што започнуваат подготовки за преговори со Иран. Според американски медиуми, разговорите се комплицирани поради продолжените судири меѓу Израел и Хезболах во Либан.

Во Швајцарија веќе се наоѓаат американскиот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои работат на техничките аспекти на преговорите.

Венс изјави дека распоредот останува променлив и дека разговорите би можеле да почнат уште утре, кога ќе пристигнат главните претставници на Иран, Катар и Пакистан.