[ФОТО] Николоски: „Стража“ се заобиколува со новиот автопат, градежните работи во полн ек

Макфакс

20/06/2026

17:14

1.914

Големина на фонт

а а а

Градбата на автопатот Гостивар - Букојчани напредува со силно темпо, при што се заобиколува популарната локација Стража. Александар Николоски го истакна значењето на овој проект и сподели детали и фотографии од градежните активности.

Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).

Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.

Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.

Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.