Кривична за жена од Тетово, го нападнала партнерот, велат од МВР

Макфакс

19/06/2026

14:00

230

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против жена поради сомнение за телесна повреда при инцидент со нејзиниот партнер, информираат од МВР.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Е.Р.(36) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 12.03.2026, при расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала нејзиниот невенчан сопруг, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.