Француските летувалишта воведуваат казни до 150 евра за шетање без маица

Макфакс

19/06/2026

12:30

182

Големина на фонт

а а а

Француските летувалишта воведуваат казни до 150 евра за туристи кои се движат без маица или носат само костим за капење надвор од плажите, со цел зачувување на ред и пристојност во градските средини.

Сѐ повеќе француски туристички места воведуваат казни за туристи кои шетаат без маица или само во костим за капење надвор од плажите. Казните можат да достигнат и до 150 евра.

Меѓу градовите што ги заострија правилата е Нарбон, каде мерките ќе важат до крајот на септември. Локалните власти велат дека сакаат да го зачуваат редот и пријатната атмосфера во центарот на градот за време на туристичката сезона.

Градоначалникот Бертран Малкие истакна дека не станува збор за ограничување на туристите, туку за почитување на јавниот простор и основна пристојност.

Слични правила веќе важат и во Довил, Аркашон и Ле Сабл-д’Олон, каде локалните власти предупредуваат дека плажната облека е прифатлива на плажа, но не и во градските улици и историските јадра.