Тухел не е целосно задоволен од големата победа над Хрватска: Еден момент ми ја расипа вечерта

Дерби

18/06/2026

15:48

356

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел доби голем број пофалби од англиските фудбалери за начинот на кој ги мотивирал на паузата меѓу двете полувремиња од натпреварот со Хрватска, па иако голем дел од победата му се препишува нему, Германецот не беше целосно задоволен од комплетната слика на првиот мундијалски меч.

Ова беше прво мундијалско искуство за Тухел како селектор и јасно е дека истото долго ќе му остане во сеќавање, не само поради атрактивниот меч и шесте постигнати гола, туку и поради победата на неговиот тим.

Тухел по средбата нагласи дека е презадоволен од своите фудбалери, но посочи и еден ФИФА новитет кој воопшто не му се допаднал пред почетокот на средбата.

– Морам да кажам нешто. Ги преколнувам луѓето од ФИФА да најдат нови позиции за фоторепортерите во моментите кога се интонираат националните химни.

– Го чекав овој момент, долго чекав да излезам на највисоката светска сцена и тоа беше посебен момент за сите. За жал, јас стоев зад ѕид од 50 фотографи и не видов ништо. Не можев да видам ниту еден свој играч и тоа ми ја расипа вечера, ми го расипа доживувањето, – посочи Тухел.