Во денешниот ден, корисниците од одредени делови на општината Гази Баба ќе останат без струја поради работи на електросистемот во периодот од 05:00 до 15:00 часот.
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 05.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од булеварот Александар Македонски и улицата Архимедова, како и објектите лоцирани во близина и околу домот Стив Наумов – Хемиски Институт, сендвичара Хемиски, Муровска Меана и црквата Свети Архангел Михаил, општина Гази Баба.







