Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, со што се продолжува континуираната поддршка кон највозрасните сограѓани и се укажува почит на нивниот придонес во општеството.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа и поддршка што Општина Аеродром им ја обезбедува на своите највозрасни сограѓани.

„Пензионерите се важен дел од нашата заедница – генерации кои со својот труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на општеството. Нивниот придонес заслужува искрена почит и благодарност.
Општина Аеродром и понатаму ќе остане посветен партнер во создавањето подобри услови за живот на пензионерите. Додека работиме на развојот на општината и инвестираме во иднината, со еднаква одговорност ги негуваме и вредностите, традициите и луѓето што ги поставиле темелите на денешниот Аеродром.
Благодарност до членовите на Здружението „Солидарност“ – Аеродром за нивната активност, посветеност и придонес во заедницата“, се наведува во соопштението од Општината.







