Јуриќ ќе добие нова шанса во Серија А по три последователни катастрофи во три различни клуба

Дерби

16/06/2026

15:49

187

Големина на фонт

а а а

Иван Јуриќ важеше за исклучително добар и ценет стручњак додека ги водеше Верона и Торино во Серија А, но се она што изгледаше одлично во овие два клуба, едноставно се претвори во кошмар во изминатите две години.

Хрватскиот стручњак започна со лоша епизода во Рома и доби отказ после само два месеци, потоа кошмарот продолжи со ужасно искуство во Саумтептон и Премиер лигата, а кулминираше со неславна епизода и во Аталанта.

Јуриќ заработи отказ во раната фаза на минатата сезона, па иако репутацијата не му угледна како пред две години, се уште има екипи кои се интересираат за него.

Монца после само една година избори враќање во Серија А и ќе биде дел од елитата во новата сезона, а последните информации од Италија велат дека Јуриќ ќе биде тренер на тимот.

Хрватот ќе доби нова шанса во италијанскиот фудбал и останува да видиме дали ќе се врати на победничките патеки од Торино, бидејќи претходните три искуства во три различни клуба направија да биде неславно етикетиран и оцрнуван од страна на фудбалските фанови.