Илија Топурија не успеа да ја одбрани својата титула во лесна категорија и му го предаде тронот на Џастин Гејџи, откако Грузиецот со шпански пасош не можеше да ја продолжи борбата по серија жестоки удари кои ги претрпе од ривалот.
Иако најавуваше победа во првата рунда со нокаут во Белата Куќа, Топурија на своја кожа дозна дека Гејџи е далеку подобар од тоа што претпоставуваше, па откако го претрпе првиот пораз во УФЦ кариерата, Илија се огласи и на социјалните мрежи.
После провокациите кои се стандарден дел пред секоја борба, Топурија на крајот џентлменски го прифати поразот, односно му честиташе на Гејџи за извонредната претстава.
– Џастин, честитки. Рече дека ќе оставиш трага на моето лице… и го направи тоа….. Ми го зема видот од десното око во првата рунда, а до крајот на втората, и од левото.
– Нема изговори после ваков пораз, имав еден од најдобрите тренинг кампови во мојот живот. Влегов остро и бев подготвен, но тоа беше твоја ноќ.
– Таква е природата на оваа игра, славата и болката одат рамо до рамо. Ќе заздравам, ќе се одморам и ќе се вратам посилен, помудар и поопасен од било кога. Верувај ми, оваа приказна меѓу нас е далеку од завршена. Ќе го имаме нашиот реванш, – порача Топурија.







