Историското Светско првенство со 48 селекции носи далеку поголем број на натпревари, па во такви услови, Англија и Хрватска ќе чекаат за својот прв мундијалски настап до 17-ти јуни.
Седмиот натпреварувачки ден на мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе го донесе најголемото дерби во првото коло од групната фаза, па бидејќи двата тима полека влегуваат во завршните подготовки за мечот кој се игра задутре, со најави почнаа да излегуваат и самите актери.
Џордан Хендерсон не се очекува да биде стартер и може да се надева за шанса од клупата, но како еден од најискусните играчи во англискиот состав, нема дилеми од каде доаѓа најголемата опасност.
– Не го кажувам ова лесно, но Модриќ за мене е најдобриот играч против кого имам играно во кариерата. Секако, тука мислам на играчите за врска. Неговата кариера говори сама за себе, станува збор за врвен играч од светска класа.
– Многу е тешко да го контролирате и да го чувате во средниот ред. Многу го почитувам неговото дело и неговата игра и се надевам дека против нас нема да биде во најдобро светло. Да бидам искрен, се уште не сум видел да одигра лош меч во кариерата, па јасно е дека моите соиграчи ќе имаат тешка задача на теренот, – изјави Хендерсон.







