Махачев му фати брутален сеир на Топурија откако Гејџи му го смени личниот опис: Оној кој се возвишува, на крајот доживува понижување

Дерби

15/06/2026

12:25

527

Големина на фонт

а а а

Ислам Махачев ги собра титулите во лесна и велтер УФЦ категорија, а како борец кој испиша историја во овој спорт, сега се реши да фаќа сеир по УФЦ спектаклот кој го гледавме пред Белата Куќа.

Пресметката меѓу Махачев и Илија Топурија пропадна поради астрономски финансиски барања од таборот на грузискиот борец, па сега кога Топурија остана без својот појас во лесна категорија, Ислам реши да му фаќа сеир.

Џастин Гејџи го изобличи Топурија и му нанесе прв пораз во неговата УФЦ кариера со брутални удари кои го принудија да се предаде, а еден од оние кои се најгласни на социјалните мрежи е токму Махачев.

– Оној кој се возвишува, на крајот доживува понижување! Има различни нивоа во оваа игра! Честитки Џастин, го заслужуваш овој појас повеќе од било кој друг.

– Да се откажеш во најголемата борба во кариерата, е нешто што не може да го направи секој…. Вистинска легенда…., – иронично порача Махачев за Топурија.

Инаку, УФЦ спектаклот насловен „UFC Freedom 250“ беше дел од прославата на 250-годишнината од независноста на САД, а истиот се одржа во Јужната ливада на Белата Куќа во Вашингтон.