Без одобрение си изградил семејна куќа на државно земјиште во Трпејца - СВР Охрид поднесе кривична пријава

Макфакс

12/06/2026

13:11

1.182

Големина на фонт

а а а

СВР Охрид поднесе кривична пријава за лице од Лескоец поради бесправно градење на семејна куќа на државно земјиште во селото Трпејца без одобрение од надлежните органи.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец.


Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.


Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.