Шпанија за многумина е прв фаворит за титулата на Светското првенство или ако не е главен фаворит тогаш е во првата група која има најмногу шанси да слави на турнирот што се одржува во три земји САД, Мексико и Канада.
Меѓутоа селекцијата од Пиринеите има и одредени проблеми со оглед на тоа што добар дел од офанзивците се повредени, излегуваат од повреди и останува да видиме во какво светло ќе се прикажат кога ќе започнат натпреварите.
Тоа што е позитивно за Шпанија е дека Ламин Јамал и Нико Вилијамс се вратиле на тренинзите и тренираат заедно со соиграчите. Овие двајца заедно со Виктор Муњиз не беа во комбинација за пријателската со Перу и останаа во тренинг базата на националниот тим.
Предводникот на „црвената фурија“ Луис Де Ла Фуенте пред неколку дена изјави дека очекува Јамал да биде спремен за средбата со Зеленортски Острови, иако призна дека учеството на крилниот напаѓач на Барселона би можело да биде ограничено на „само неколку минути.
Јамал се очекува постепено да добива минутажа, поточно да биде поактивен на следните дуели со Саудиска Арабија и Уругвај.







