Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога: Уапсен 27-годишник

Макфакс

12/06/2026

11:30

187

Големина на фонт

а а а

Во Мала Речица полициски службеници извршија претрес во кој беше пронајдена дрога, а 27-годишен маж е уапсен поради поседување на нелегална марихуана.

Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот М.К. од село Мала Речица, тетовско.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.