Скалони повика нов играч на местото на Балерди, ова е неговата реакција кога дозна дека ќе настапи на СП

Дерби

12/06/2026

11:28

193

Големина на фонт

а а а

Леаонардо Белерди се најде на списокот на Лионел Скалони за настап на Светското првенство, но поради повреда на крајот отпадна, односно аргентинскиот селектор имаше задача да повика уште едно име, замена за членот на Олимпик Марсеј.

Скалони порача дека ќе размисли некој ден пред да ја донесе конечната одлука и на крајот изборот падна врз Маркос Сенеси, играчот кој пред неколку дена потпиша за Тотенхем.

Тој беше на одмор кога го доби повикот, а неговата понежна половина ова го документираше со видео кое потоа стана вирално на социјалните мрежи.