Без вода утре неколку улици во Скопје

Макфакс

12/06/2026

10:24

222

Големина на фонт

а а а

Утре неколку улици во Скопје ќе останат без вода поради планирани поправки на водоводната мрежа.

В сабота, поради поправка на затворач ф300мм на булеварот Крсте Мисирков и улицата Отокар Кершовани, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршување на работните активности;

Исто така утре, поради поправка на два затворачи ф600мм и ф300мм на Кеј Димитар Влахов, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршувањето на работните активности.