Симан го спомена Бруно и го поткачи Јунајтед: Лесно е да се истакнеш кога…

Дерби

12/06/2026

07:42

308

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш имаше историска сезона во дресот на Манчестер Јунајтед во Премиер сезона, сезона во која го одведе тимот до третото место на табелата.

Португалецот постави рекорд по бројот на асистенции во англиската елита во една кампања притоа оставајќи ги зад себе Тјери Анри и Кевин Де Брујне. Тој имаше и 9 погодоци или севкупно гледано директно учествуваше во дури 30 погодоци на екипата, партии поради кои ги доби најважните инивидуални признанија меѓу кои и онаа за играч на сезоната.

Легедендарниот Дејвид Симан не се согласува со ова и смета дека таа награда треба да заврши кај тимот/тимовите кои го освојуваат пехарот.

-Бруно се снајде добро, но Манчестер Јунајтед воопшто не беше добар на почетокот на сезоната. Лесно е некој да се истакне така кога остатокот од тимот е лош, а тие беа. Но, со Раја, Рајс и Габриел, целиот тим игра добро, но сепак се издвојуваат. И потоа продолжија понатаму и освоија нешто. За мене, оттаму треба да дојде играчот на годината – победничкиот тим, -вели Симан и додава:

-Навистина е блиску за мене меѓу Деклан Рајс и Давид Раја. Голманите обично тоа не го добиваат, но би претпоставил дека ќе биде блиску меѓу Бруно Фернандеш и Деклан. Со Давид, сепак, тој повторно е неверојатен оваа сезона. Тој направи огромни одбрани во навистина важни моменти. Се сеќавам на одбраната што ја направи со Брајтон, беше неверојатно, -порача некогашниот англиски репрентативец.