Без струја делови од неколку скопски населби

Макфакс

12/06/2026

07:19

386

Големина на фонт

а а а

Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од повеќе населби во Скопје заради планирани прекини од страна на ЕВН Македонија во различни временски интервали.

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците во период:

· Од 08:00-12:00 часот на улицата Партизански Пат, општина Кисела Вода;

· Од 08:00-14:00 часот село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово, општина Сарај;

· Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар, општина Карпош;

· Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром, општина Гази Баба;

· Од 09:00-15:00ч на улицата Владимир Комаров, општина Аеродром;

· Од 11:00ч до 15:00ч дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков, општина Карпош;

· Од 13:00-15:00ч на ул 1 (Од општинаата Сопиште кон Горно Соње).