Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил 23-годишник со мопед

Макфакс

11/06/2026

14:20

154

Големина на фонт

а а а

Вчера во Скопје 23-годишник на мопед удрил во 52-годишна жена која се здобила со тешки повреди, пријавено е во СВР Скопје, а увидна екипа изврши увид на местото на несреќата.

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Лазар Трповски“ во Скопје, мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот И.Ф. удрил во 52-годишната Џ.Б., двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Б., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.