На автопатот Велес - Градско, кавадарчанец со патничко возило „шкода октавија“ изгубил контрола и излетал од патот, при што неговата сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.
Вчера во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишник Г.В. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.







