Уапсен маж од Гостиварско: Ја демнел неговата сопруга и упатувал закани преку телефонски пораки

Макфакс

11/06/2026

14:20

137

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар е уапсен маж поради сомнение дека упатувал закани и ја демнел својата сопруга, не почитувајќи решенија од социјалните служби, при што се води бракоразводна постапка.

Вчера во 16:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село.

Тој бил баран поради основано сомнение дека не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел неговата 38-годишна сопруга од Албанија со привремен престој во Тетово, со која се во бракоразводна постапка.

Ј.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.