Контролор на ЈСП натепан од 50-годишна жена откако констатирал дека немала платено билет

Макфакс

11/06/2026

14:10

159

Големина на фонт

а а а

Контролор на ЈСП е нападнат од жена откако констатирал дека немала платено билет за превоз во автобус на Бит Пазар во Скопје.

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Н.Н. од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.