Девет албански државјани беа приведени во Дебар поради работaње без уредна документација за престој, како и нелегални градежни активности, по што ќе следи соодветен правен поднесок.
Вчера во 11:30 часот на улицата „Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани.
При контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано е дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар.
По целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.







