Двајца битолчани под дејство на алкохол биле приведени откако нападнале полицајци кои вршеле службени дејствија по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Денеска, полициски службеници при СВР Битола ги лишија од слобода 30-годишниот Ѓ.Б. и 51-годишниот С.Б., двајцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Цветан Димов“ во Битола го нарушиле јавниот ред и мир под дејство на алкохол, а потоа физички нападнале полициски службеници кои преземале на службени дејствија.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.







