Анри и Венгер имаат јасен фаворит за титулата на СП: Кога имаш 0-0 против нив на 20 минути до крајот…

Дерби

11/06/2026

11:12

337

Големина на фонт

а а а

Започнува 23. Светско фудбалско првенство кое е посебно поради повеќе работи, а едно од нив е бројот на рекордни 48 учеснички како и фактот дека овој настан ќе се одржи во три држави-САД, Мексико и Канада.

Првиот меч е оној меѓу Мексико и Јужна Африка, соочување закажано за вечерва од 21 часот, а нешто подоцна (04:00 часот) ќе се одигра и втората средба од групата меѓу Чешка и Јужна Кореја.

Меѓутоа ниту една од овие селекции не е на листата на фаворити за пехарот, статус кој според Арсен Венгер и Тјери Анри е резервиран за Франција.

- Ги ставам над другите. Франција има толку многу талент, а Дешамп има искуство. Имаме толку многу офанзивни играчи што опасноста е тоа што сме малку неизбалансирани во нападот. Но денес, модерниот играч, дури и напаѓачот, знае како да го заврши својот дел од дефанзивната работа. Кога си 0-0 против Франција на 20 минути до крајот, го губиш натпреварот. Моќта прави разлика, - вели Венгер.

- Ја гледам Франција како главен кандидат – делумно затоа што сум Французин, но и затоа што стигнавме до последните две финалиња. Имаме силен тим. Шпанија, Аргентина, Португалија и Англија се исто така ветувачки кандидати. Можни се изненадувања како Норвешка или Сенегал.

- Што се однесува до Германија, чекам повторно да ја откријат својата најдобра форма. Германија се квалификуваше, а тоа е најважното нешто. Понекогаш дури може да се игра подобро со помал притисок. Во секој случај, им посакувам на Јулијан Нагелсман и на неговиот тим се најдобро – освен ако не играат против Франција, - порача пак Анри и ја издвои најголемата сила на „триколорите“.

- Клупата. Звучи едноставно, но длабочината на составот е клучна. Ако вашите резервни играчи се на исто ниво со почетните единаесет, тоа е огромна предност, особено на толку долг турнир по интензивна сезона, - заклучи Тити.