Во Куманово уапсен е 26-годишник од Турција поради криумчарење на голема количина кожен материјал пронајден во товарно возило, со што се ограничи незаконското движење на стоки преку границата.
Вчера од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило „мерцедес бенз“ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено.
Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од 26-годишниот Т.Б.К. од Турција, додека пак од извршениот преглед и контрола во товарниот дел пронајдени се шест вреќи, во кои имало 118 парчиња кожен материјал.
По насоки на дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и спроведено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.







